Понеделник, 22 април 2013 година
Потпретседателот, г-ѓа Сузана Салиу ќе учествува на Семинар за национална безбедносна политика
На покана на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“, а во соработка со амбасадата на САД во Скопје, Македонија, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу и пратениците: Марјанчо Николов, Тони Трајановски, Ивон Величковски, Цветанка Иванова, Марија Рашковска, Орхан Ибраими, Сафет Бишевац, Тања Томиќ, Димитар Стевананџија, Косана Николиќ Мазнева и Вјолца Мехмети-Нурединисо ќе учествуваат на Семинарот за национална безбедносна политика наменет за пратеници, што ќе се одржи од 23 до 26 април 2013 год., во Гармиш-Партeнкирхен, Германија