Четврток, 30 јули 2015 година
Антонијо Милошоски во работна посета на Канада
Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, деновиве е во работна посета на Канада.
Во текот на денешниот ден Милошоски ќе оствари средби со тројца пратеници од Канадскиот парламент - Тед Оптиц, Корнелиј Чису и Чангстен Лонг.
На средбите теми за разговор ќе бидат билатералните односи помеѓу двете држави, членството на Македонија во НАТО, и значењето на македонската дијаспора во канадското општество.