Соопштенија

Петок, 4 септември 2015 година

Доделување на државната награда „8. Септември“

На 8 септември 2015 година (вторник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8. Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2015 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници. 

Добитници на државната награда „8. Септември“ се: г. Лазар Лечиќ, г. Љупчо Стојчевски, г. Руждија Калач, г. Димче Кичевски и г. Здравко Дејановиќ. 

Click