Соопштенија

Петок, 12 декември 2014 година

Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“

На 21 декември 2014 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ за 2014 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

Државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“, за остварување во областа на новинарството, се доделува на Мирела Саити и Фиданка Танаскова, новинари.

Државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“, за остварување во областа на публицистиката, се доделува на Борче Грозданов, публицист.

Click