Соопштенија

Среда, 7 декември 2016 година

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2016 година (четврток), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2016 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, се доделува на: проф. д-р Марко Китевски - фолклорист; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска, музички уметник, проф. м-р Жарко Башески, скулптор, Весна Ацевска-Стојчевска, поетеса и Лилјана Мазова, театарска критичарка и публицистка.

Click