Соопштенија

Четврток, 22 октомври 2015 година

Милошоски и Мехмети на Конференција  во  Фиренца

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Ермира Мехмети, ќе учествуваат на меѓународна Конференција на комисиите за европски прашања на Медитеранот, која ќе се одржи на 26 октомври 2015 година, во Фиренца, Италија.

На Конференцијата, на тема: „Новите пaрадигми на Евро-медитеранската соработка - Дваесет години по Декларацијата од Барселона“, ќе се расправа за повеќедимензионалната димензија на евромедитеранската соработка и улогата на регионалните и локалните авторитети, за новите парадигми на економската размена помеѓу двата брега на Медитеранот, како и за можностите за споделување на културни и религиозни вредности на луѓето од Медитеранот.

Click