Соопштенија

Петок, 24 април 2015 година

Положување свежо цвеќе

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, во состав: г. Антонијо Милошоски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г-ѓа Роза Топузова-Каревска и г. Чедомир Саздов, по повод одбележувањето 110 години од смртта на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, на 27 април (понеделник), во 11.30 часот, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев (пред зградата на Собранието на Република Македонија).

Пригодна реч со осврт на ликот и делото на Никола Карев, во 12.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, ќе земат:

  • Проф.д-р Драги Ѓорѓиев, директор на Институтот за национална историја;
  • Академик Блаже Ристовски;
  • Господин Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија.
Click