Петок, 10 октомври 2014 година
Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври
По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија, на 11.10.2014 година (сабота), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.
- Собраниска делегација, предводена од потпретседателот г. Рафис Аљити, а во состав: г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Лилјана Поповска, г-ѓа Вјолца Мехмети-Нуредини и г-ѓа Љубица Буралиева, ќе положи свежо цвеќе во Скопје:
» 10.00 часот, гробишта Бутел:
- Партизанските гробишта;
- Гробот на претседателот Борис Трајковски;
- Гробот на генерал Михајло Апостолски;
- Гробот на претседателот Киро Глигоров.
» 11.00 часот, Плоштад Македонија, на споменикот на Методија Андонов-Ченто;
» 11.30 часот, Парк „Жена борец“, на Споменикот на паднатите херои за Македонија.
- Собраниска делегација, во состав: г. Димитар Стевананџија, г-ѓа Ане Лашкоска и г. Муса Ибраими, во 09.30 часот, во Прилеп, ќе положи свежо цвеќе на:
- Споменикот на Методија Андонов-Ченто;
- Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу;
- Могилата на непобедените и Алејата на народни херои.
- Собраниска делегација, во состав: г. Стојан Миланов, г. Зоран Ѓорѓиевски, г. Реџаиљ Исмаили и г. Мирван Џемаили, во 11.00 часот, ќе положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.