Петок, 13 ноември 2015 година
Положување венци свежо цвеќе
По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Град Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Даниела Рангелова, г. Стефан Богоев и г. Чедомир Саздовски, на 13 ноември 2015 година (денеска), ќе положи венци свежо цвеќе на:
• 10.00 часот - Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел;
• 10.30 часот - Алејата на заслужните граѓани, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел;
• 11.30 часот - Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија.