Петок, 14 август 2015 година
Положување венец свежо цвеќе
По повод 18. Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Драган Данев, г. Стефан Богоев, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Чедомир Саздовски и г-ѓа Лилјана Поповска, ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата Бутел во Скопје и тоа:
- на Партизанските гробишта;
- на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров;
- на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски и
- на гробот на генералот Михајло Апостолски, на 17 август 2015 година, понеделник, во 9.00 часот.