Соопштенија

Среда, 4 март 2015 година

Потпретседателот Милошоски на Интерпарламентарна конференција во Летонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика, која во рамките на летонското претседателство со Европската унија, ќе се одржи во периодот 4-6 март 2015 година во Рига, Летонија. 

На Конференцијата ќе стане збор за приоритетите и стратегиите во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика на Европската унија, како и за политиката на добрососедство и Источното партнерство на Европската унија.

Меѓу бројните учесници на Конференцијата, ќе учествуваат и: Федерика Могерини, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика; Елмар Брок, претседател на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент; Едгард Ринкевичс, министер за надворешни работи на Летонија; Карл Билт, поранешен министер за надворешни работи на Шведска; како и други претставници од земји-членки на ЕУ. 
Click