Соопштенија

Петок, 7 ноември 2014 година

Потпретседателот Милошоски на состанок на Ад-хок работната група на Парламентарното собрание во Тирана

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и член на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Антонијо Милошоски, на 8 ноември ќе учествува на состанокот на Ад-хок работната група на Парламентарното собрание, кој во рамките на албанското претседателство, се одржува во Тирана, Албанија. 

На состанокот ќе учествуваат членовите на Работната група, пратеници од парламентите на Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Србија, Турција и Хрватска.

Работнaта група ќе расправа за прашањата поврзани со процесот на  институционализацијата, како што се секретаријатот, буџетот и Деловникот на Парламентарното собрание. 

Значаен исчекор кон создавањето на основните услови за формирање на Парламентарното собрание на Процесот, беше постигнат за време на македонското претседателство со ПСЈИЕ, на Конференцијата на претседатели на парламенти, одржана на 27 и 28 мај 2013 година, во Охрид.

Според програмата, предвидено е г. Милошоски,  да оствари средба и со претседателот на Албанскиот парламент, г. Илир Мета.

Click