Соопштенија

Понеделник, 12 јануари 2015 година

Потпретседателот Милошоски во службена посета на Јапонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонијо Милошоски, ќе оствари службена посета на Јапонија, по покана на парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, г. Такао Макино. 

Господин Такао Макино, кој е член на Горниот Дом на јапонскиот Парламент, е иницијатор за формирање на парламентарната група за јапонско-македонско пријателство, како заедничка цел на двете земји за унапредување на билатералните односи. 

Ова беше една од темите за разговор меѓу претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски и г. Такао Макино, за време на неговата посета на Македонија, во февруари минатата година.

Македонија и Јапонија лани одбележаа 20-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи, а Македонија за прв пат испрати резидентен амбасадор во Јапонија, во новоотворената амбасада во Токио.

Click