Соопштенија

Петок, 21 ноември 2014 година 

Пратеникот Павле Трајанов на Годишна сесија на ПС на НАТО во Хаг

Пратеникот Павле Трајанов, во својство на член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 21 до 24 ноември, учествува на Годишната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Хаг, Кралството Холандија.

Во текот  на сесијата, комитетите и собранието ќе разгледаат и усвојат неколку извештаи и резолуции  поврзани со ситуацијата во Украина, хуманитарната криза на јужната граница на Европа, авганистанските сили за безбедност после 2014 година, стабилноста на Средниот Исток и за политиката на отворена врата на Алијансата.

Click