Соопштенија

Вторник, 20 октомври 2015 година

Учество на делегација на Комисијата за европски прашања на КОСАП

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: претседател на Комисијата, г-ѓа Ермира Мехмети и член на Комисијата г-ѓа Лидија Димова, на 22-24 октомври 2015 година ќе учествува во работата на Конференцијата на Комисиите за европски прашања/интеграции на земјите во Процесот за стабилизација и асоцијација во ЈИЕ-КОСАП, што се одржува во Тирана, Република Албанија. 

Нашето учество на оваа Конференција е во насока на понатамошно развивање на регионалната соработка на парламентарно ниво со земјите од Југоисточна Европа, како и на размена на мислења и практики за евроинтегративните процеси во регионот. 

Се очекува, врз основа на дискусиите, да бидат усвоени завршни заклучоци.

Click