Соопштенија

Понеделник, 2 февруари 2015 година

Соопштение до јавноста

На денешната редовна координација кај претседателот на Собранието, е утврдено дека во општините Центар, Карпош и Тетово, сè уште нема отворено канцеларии за контакт со граѓаните. 

Потсетуваме дека уште во 2003 година започна проектот „Канцеларии за контакт со граѓаните“, што го реализиравме заедно со ЗЕЛС, како и со помош на НДИ, УСАИД, ИПД и Швајцарската амбасада.   

Целта на проектот е да ја зголеми непосредната комуникација со избраните пратеници и да обезбеди квалитетна артикулација на интересите и потребите на граѓаните, а во исто време и развивање на процесот на непосредната демократија. 

Според Законот за Собрание на Република Македонија член 36 став 1, локалната самоуправа обезбедува соодветни услови (канцеларија) за остварување на контакти и средби со граѓаните. Затоа, на денешната координација донесена е одлука, уште еднаш да се потсетат градоначалниците на горе наведените општини да го почитуваат Законот за Собранието, што е пред сè во интерес на граѓаните од тие општини. 
Click