Соопштенија

Понеделник, 9 март 2015 година

Учество на Делегација на Комисијата за европски прашања на КОСАП

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: заменик-претседателот на Комисијата, г-ѓа Нора Алити и членовите г-ѓа Солза Грчева и г. Трајчо Димков, на 10 и 11 март 2015 година ќе учествува во работата на Конференцијата на Комисиите за европски прашања/интеграции на земјите во Процесот за стабилизација и асоцијација во ЈИЕ – КОСАП, што се одржува во Белград, Република Србија. 

На Конференцијата, која се одржува во Националното собрание на Република Србија, предвидени се повеќе панели, посветени, меѓу другото, и на Стратегијата за проширување на ЕУ и предизвиците 2014-2015, со заклучоците за секоја земја пооделно, потоа на економските реформи и социјалните предизвици во процесот на асоцијација во ЕУ, регионалната соработка во областа на ИПА фондовите, како и на енергетската политика во регионот. 

Нашето учество на оваа Конференција е во насока на понатамошно развивање на регионалната соработка на парламентарно ниво со земјите од Југоисточна Европа, како и на размена на мислења и практики за евроинтегративните процеси во регионот. 

Се очекува, врз основа на дискусиите, да бидат усвоени завршни заклучоци.

Click