Соопштенија

Среда, 4 февруари 2015 година

Учество на Делегација од Собранието на Парламентарен семинар на тема: „Енергетска сигурност, енергетска ефикасност и поврзаност на земјите од Западен Балкан и Турција"

Во организација на Европскиот парламент и Големото Национално Собрание на Република Турција, на 5 и 6 февруари 2015 година во Анкара Република Турција, ќе се одржи Парламентарен семинар на тема: „Енергетска сигурност, енергетска ефикасност и поврзаност на земјите од Западен Балкан и Турција". 

На Семинарот ќе учествува Делегација од Собранието на Република Македонија во состав од пратениците: г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за економски прашања, г. Крсто Мукоски,  претседавач на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Солза Грчева и г-ѓа Каљтрина Азизи, членови на делегацијата. 

Парламентарниот семинар се очекува да биде отворен од г. Ибрахим Халил Мазичиоглу, претседател на Комисијата за индустрија, трговија, енергетика, национални ресурси и технологија на Големото Национално Собрание на Република Турција, г. Јержи Бузек, претседател на Комисијата во Европскиот парламент за индустрија, истражување и енергетика, г. Садик Јакут заменик претседател на Големото Национално Собрание на Република Турција.

Во рамките на програмата, предвидено е да се отвори дискусија за поврзаност на земјите од Западен Балкан и Република Турција, од аспект на перспективите на Република Турција. Се очекува на семинарот да се дебатира и да се отворат прашања за енергетската сигурност на Европската унија, за достапноста на енергетските ресурси на  земјите од Западен Балкан и Република Турција, внатрешниот пазар на енергија во Европската унија, состојби и перспективи, сегашните и идните потреби на нафта, гас, електрична енергија и обновливите извори на енергија на земјите од Западен Балкан и Република Турција, транспорт и складирање.

На вториот ден на семинарот се очекува да се дебатира и да се отворат прашања за поврзаноста на земјите од Западен Балкан и Република Турција, перспективата на земјите, индивидуалните проширувања и Европската комисија, значењето во светот и регионот на енергетската сигурност, како и за соработката на Европската унија, земјите од Западен Балкан и Република Турција, инвестициски проекти за електрична енергија, гас и обновливите извори на енергија.

На претстојниот Парламентарен семинар ќе учествуваат европратеници, претставници од парламентите на Земјите на Западен Балкан и Република Турција, претставници од Европската комисија, експерти, со цел да ги споделат регионалните искуства и видувањата за идните предизвици во овој домен, со акцент на размена на информации меѓу учесниците. 

Click