Соопштенија

Понеделник, 1 декември 2014 година

Учество на Конференција на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК

Во рамките на  италијанското претседателство со Европската унија,   заменикот на претседателот на Комисијата за европски прашања,  г-ѓа Нора Алити, ќе учествува на Конференцијата  на  комисиите за европски прашања на земјите членки на ЕУ- КОСАК, што ќе се оддржи на  1-3 декември   2014  година во Рим, Италија.

На Конференцијата ќе  се расправа по повеќе актуелни теми, и тоа за улогата на италијанското претседателство со ЕУ, за што ќе има обраќање г. Матео Рензи, претседател на  Италијанскиот совет на министри, потоа за Улогата на европските институции - 5 години  по  Лисабонскиот договор, како и за „Стратегијата  Европа 2020:  раст, вработување и конкурентност“.

Исто така, предвидено е  да има  расправа и за Евроинтегративните перспективи на тема : Глобалната улога  на Европската унија и проекцијата на нејзините политики во Медитеранот и Источна Европа.

Click