Соопштенија

Вторник, 5 мај 2015 година

Учество на Конференција посветена на активностите на енергетската заедница

На покана на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, на 6 и 7 мај 2015 година, заменикот претседател на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити и членот на Комисијата за економски прашања, г. Драган Цуклев, во Брисел ќе учествуваат на Конференцијата посветена на активностите на енергетската заедница.

На Конференцијата предвидена е расправа во врска со интерконекциите и предизвиците во градењето на постабилен и поврзан ЕУ пазар, од аспект на зајакнување на парламентарната соработка во областа на енергетиката на земјите од ЈИЕ.  

Исто така, ќе стане збор и за Договорот за енергетската заедница меѓу земјите од Југоисточна Европа и Европската заедница, со кој, бенефициите од внатрешниот пазар на енергија на Унијата се проширија и на земјите потписнички, меѓу кои е и Македонија.

Click