Соопштенија

Понеделник, 10 ноември 2014 година

Учество на пратеникот Благоја Деспотоски на парламентарен семинар во Париз

Пратеникот Благоја Деспотоски, во својство на претседавач со Комисијата за труд и социјална политика, на 10 ноември во Париз, Франција ќе учествува на Парламентарен семинар насловен „Обезбедување на сигурни и здрави работни услови“.

Семинарот е во организација на Службата на Европската социјална повелба и Одделот за поддршка на Парламентарното собрание на Советот на Еропа.  Семинарот ќе ги разгледува - од парламентарна перспектива - заклучоците од Европскиот комитет за социјални права во однос на усогласноста на националното законодавство и пракса со член 3 за правото на безбедни и здрави услови за работа на Европската социјална повелба. 

Учесниците ќе ги споделат своите искуства во врска со предизвиците кои се однесуваат на безбедноста во национален контекст и ќе дискутираат за проблемите, можните решенија и примери на добра практика во оваа област.

На семинарот ќе се дискутира за начините за решавање на прашањата покренати во заклучоците на Европскиот комитет за социјални права и отстранување на пречките во национален контекст за да се прифатат одредбите од член 3. 

Целта на семинарот е да се зајакне капацитетот на парламентарците за целосна имплементација на  Повелбата и нејзиниот потенцијал, како и зголемување на нејзиното влијание во нивните земји.

Click