Соопштенија

Среда, 8 јули 2015 година

Учество на пратеникот Џеват Адеми на ПСФ 

Од 7 до 10 јули 2015 година во Берн, Швајцарија, ќе се одржи Четириесет и првата годишна сесија на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), на која ќе учествува пратеникот  г. Џеват Адеми,  претседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

На оваа сесија на Парламентарното собрание на Франкофонијата, ќе учествуваат делегации на  79 секции на земји и региони, членки на ПСФ.

Паралелно со одржувањето на оваа сесија, се одржува и Седмата сесија на Парламентот на младите франкофони на Парламентарното собрание на Франкофонијата.

Во агендата на сесијата е генералната дебата за „Охрабрување на пристапот до квалитетна обука за сите - приоритетен предизвик за Франкофонијата”, ќе се разгледуваат извештајот на парламентарниот генерален секретар на Парламентарното Собрание на Франкофонијата, г. Паскал Терас, извештаите на комисиите на Парламентарното собрание на Франкофонијата, усвојување на предлог-резолуции и препораки, како и други прашања поврзани со соработката меѓу парламентите од франкофонските земји. 

Членот на македонската делегација ќе оствари и билатерални средби со неговите колеги од националните парламенти и ќе размени мислења за прашања од заемен интерес.  

Click