Соопштенија

Четврток, 6 ноември 2014 година

Учество на работилница на тема: „Улогата на законодавните служби во работата на Собранието" 

Во организација на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) и Националниот совет на Словачката Република, од 5 до 7 ноември 2014 година, во Часта-Папирничка, Словачката Република, ќе се одржи работилница на тема: „Улогата на законодавните служби во работата на Собранието". 

На работилницата ќе учествуваат пратениците г-ѓа Светлана Јакимовска, претседател на Законодавно-правната комисија, г. Рамиз Мерко, член на Законодавно-правната комисија.

Претстојниот настан се организира под закрила на Иницијативата за законодавнозајакнување на Западен Балкан. Оваа регионална иницијатива е финансиски поддржанa од Националната фондација за демократија (НЕД), и е посветена на развивањето на добри законски практики преку регионална парламентарна соработка и размена со парламентите на земјите-членки на Европската унија.

На работилницата ќе учествуваат претседатели на законодавни и уставни комисии,како и членови на тие комисии, советници на комисиите, како и парламентарни правниексперти од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија со цел да се споделат искуствата од Република Чешка, Словачка и Полска со нивните законодавни служби, нивното функционирање и поддршка.

Учесниците ќе дискутираат за конкретни предлози за подобрување на квалитетот на законодавството со зајакнување на парламентарните законодавни услуги, како нивните оддели за правни услуги кои им помагаат на пратениците и комисиите во текот на секоја фаза на законодавниот процес во изготвувањетона амандмани, обезбедување на правни мислења за закони, учествуво на седниците на комисите со цел да се разјаснат прашањата и да се обезбедат консултации како и прегледи на нацрт-закони за придржување кон домашните и законите на ЕУ.

Click