Учество на парламентарен семинар на тема „Развивање на поли...

Понеделник, 23 март 2015 година

Учество на парламентарен семинар на тема „Развивање на политичката култура и унапредување на политичкиот дијалог кон одржлива демократија“

Денеска во Брисел ќе започне дводневниот парламентарен семинар, на тема „Развивање на политичката култура и унапредување на политичкиот дијалог кон одржлива демократија“.

Семинарот го организира Директоратот за демократска поддршка во соработка со Комитетот за уставни прашања и Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, а е наменет за парламентите од Западен Балкан и Турција. 

Прочитај повеќе

Учество на Александар Николоски во работата на Мониторинг к...

Понеделник, 16 март 2015 година

Учество на Александар Николоски во работата на Мониторинг комисијата во Париз

Александар Николоски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, ќе учествува во работата на Комисијата за политички прашања и демократија во својство на член, како и на Мониторинг комисијата во својство на потпретседател, на 16 и 17 март 2015 година, во Париз, Франција.

Прочитај повеќе

Потпретседателот Милошоски на Конференција на претседатели ...

Петок, 13 март 2015 година

Потпретседателот Милошоски на Конференција на претседатели на Комисии за надворешна политика во Тирана

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски вчера и денеска учествува на Конференција на претседатели на Комисии за надворешна политика која што во рамките на процесот на соработка со земјите на Југоисточна Европа се одржува во Тирана, Р. Албанија.

Прочитај повеќе

Положување цвеќе - 72 години од Холокаустот...

Вторник, 10 март 2015 година

Положување цвеќе

По повод 72 години од Холокаустот на македонските Евреи, собраниска делегација, составена од потпретседателот, г. Рафис Аљити и пратениците:  г. Павле Трајанов, г-ѓа Благица Ласовска и г. Сашо Аќимоски, на 11 март 2015 година, ќе положи цвеќе, и тоа:

Прочитај повеќе

Учество на Делегација на Комисијата за европски прашања н...

Понеделник, 9 март 2015 година

Учество на Делегација на Комисијата за европски прашања на КОСАП

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: заменик-претседателот на Комисијата, г-ѓа Нора Алити и членовите г-ѓа Солза Грчева и г. Трајчо Димков, на 10 и 11 март 2015 година ќе учествува во работата на Конференцијата на Комисиите за европски прашања/интеграции на земјите во Процесот за стабилизација и асоцијација во ЈИЕ – КОСАП, што се одржува во Белград, Република Србија. 

Прочитај повеќе

Потпретседателот Милошоски на Интерпарламентарна конференци...

Среда, 4 март 2015 година

Потпретседателот Милошоски на Интерпарламентарна конференција во Летонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика, која во рамките на летонското претседателство со Европската унија, ќе се одржи во периодот 4-6 март 2015 година во Рига, Летонија. 
Прочитај повеќе

Собраниска делегација во Брисел по повод Меѓународниот ден ...

Вторник, 3 март 2015 година

Собраниска делегација во Брисел по повод Меѓународниот ден на жената

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената - 8 март, Европскиот парламент и оваа година ја продолжува традицијата на организирање на специјални настани за негово пригодно одбележување. Во таа насока, Комисијата во Европскиот парламент за правата на жените и родовата еднаквост организира два настани - Интерпарламентарен состанок на тема: „Зајакнување на положбата на жените и девојките преку образованието“ и Интерпарламентарна конференција посветена на „Политичкото учество на жените во земјите од Западен Балкан и Турција", што ќе се одржат на 4 и 5 март 2015 година во Брисел, Кралството Белгија. 

Од Собранието на Република Македонија на овој настан ќе учествуваат пратениците: г-ѓа Лилјана Поповска, претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите; г-ѓа Лилјана Кузмановска, заменик-претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите; г-ѓа Шпреса Хадри, член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и г-ѓа Солза Грчева, член на Комисијата за европски прашања.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе 26 февруари...

Среда, 25 февруари 2015 година

Положување свежо цвеќе 

Делегација на Собранието на Република Македонија, на 26 февруари 2015 година, во 11.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на Алејата на великаните, гробишта Бутел.
Прочитај повеќе

Учество на регионална конференција на тема „Улогата на парл...

Четврток, 19 февруари 2015 година

Учество на регионална конференција на тема „Улогата на парламентите во буџетскиот и финансискиот надзор“ во Тирана

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Ѓорѓи Коџабашиев, член на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Каљтрина Азизи, член на Комисијата за финансирање и буџет и г. Драган Цуклев, член на Комисијата за економски прашања на 21 и 22 февруари 2015 година ќе престојува во Тирана, Република Албанија. 

Прочитај повеќе

Учество на Делегација од Собранието на Парламентарен семина...

Среда, 4 февруари 2015 година

Учество на Делегација од Собранието на Парламентарен семинар на тема: „Енергетска сигурност, енергетска ефикасност и поврзаност на земјите од Западен Балкан и Турција"

На Семинарот ќе учествува Делегација од Собранието на Република Македонија во состав од пратениците: г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за економски прашања, г. Крсто Мукоски,  претседавач на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Солза Грчева и г-ѓа Каљтрина Азизи, членови на делегацијата. 
Прочитај повеќе
1...91011...16                 
Click