Положување свежо цвеќе 4 февруари...

Вторник, 3 февруари 2015 година

Положување свежо цвеќе

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Владанка Авировиќ и г. Чедомир Саздовски, по повод 143-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, на 4 февруари ќе положи свежо цвеќе.

Прочитај повеќе

Соопштение до јавноста 2.2.14...

Понеделник, 2 февруари 2015 година

Соопштение до јавноста

На денешната редовна координација кај претседателот на Собранието, е утврдено дека во општините Центар, Карпош и Тетово, сè уште нема отворено канцеларии за контакт со граѓаните. 
Прочитај повеќе

Презентација на публикацијата „Мојот пратеник“...

Четврток, 29 јануари 2015 година 

Презентација на публикацијата „Мојот пратеник“

Утре, 30 јануари 2015 година, во 12.00 часот во Сала 3 во Собранието на Република Македонија, ќе биде презентирана публикацијата „Мојот пратеник бр.14“ за периодот мај - декември 2014 година.

Прочитај повеќе

Николоски на зимска сесија на Парламентарното собрание на С...

Понеделник, 26 јануари 2015 година

Николоски на зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур


Од 26 до 30 јануари 2015 година во Стразбур,  Франција, се одржува редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на Делегацијата, како и Ермира Мехмети и Владимир Ѓорчев. 

Прочитај повеќе

Потпретседателот Милошоски во службена посета на Јапонија...

Понеделник, 12 јануари 2015 година

Потпретседателот Милошоски во службена посета на Јапонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонијо Милошоски, ќе оствари службена посета на Јапонија, по покана на парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, г. Такао Макино. 

Прочитај повеќе

Работен состанок на тема Климатски промени...

Вторник, 16 декември 2014 година

Работен состанок на тема Климатски промени

Пратеникот и претседател на ДОМ, г-ѓа Лилјана Поповска, на 17 декември 2014 година, во 10 часот, во Сала на Влада,  ќе оствари работен состанок со Еколошкото здружение Гоу Грин, со поддршка на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и Министерството за животната средина и просторно планирање на Република Македонија, на тема Климатски промени.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин...

Петок, 12 декември 2014 година

Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“

На 21 декември 2014 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ за 2014 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Учество во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата з...

Вторник, 9 декември 2014 година

Учество во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права во Париз

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Алексадар Николоски, од 10 до 12 декември во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права. 

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“...

Понеделник, 1 декември 2014 година

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2014 година (понеделник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели наградата „Св. Климент Охридски“ за 2014 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Учество на Конференција на комисиите за европски прашања на...

Понеделник, 1 декември 2014 година

Учество на Конференција на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК

Во рамките на  италијанското претседателство со Европската унија,   заменикот на претседателот на Комисијата за европски прашања,  г-ѓа Нора Алити, ќе учествува на Конференцијата  на  комисиите за европски прашања на земјите членки на ЕУ- КОСАК, што ќе се оддржи на  1-3 декември   2014  година во Рим, Италија.

Прочитај повеќе
1...101112...16                 
Click