Понеделник, 28 септември 2015 година
Николоски ќе претседава со пленарната сесија на ПС на Совет на Европа посветена на мигрантската и бегалската криза во Европа
Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, г. Александар Николоски, ќе учествува на редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври 2015 година, во Стразбур, Франција.
Во текот на јануарската сесија Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, г. Николоски беше избран за еден од претседателите на Парламентарното собрание на Советот на Европа за 2015 и 2016 година, според принципот на ротација.