Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција на...

Среда, 23 септември 2015 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција на тема "Јавниот сервис и парламентите"

На Конференцијата ќе учествува Делегација од Собранието на Република Македонија во состав г. Реџаиљ Исмаили, претседател на  Комисијата за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Лилјана Затуроска, член на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Прочитај повеќе

Александар Николоски ќе ја води групата пратеници од Европс...

Недела, 20 септември 2015 година

Александар Николоски ќе ја води групата пратеници од Европската народна партија вомониторингот на парламентарните избори во Азербејџан

Пратеникот Александар Николоски е избран да ја води групата пратеници на  Европската народна партија во предизборната мониторинг-мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа за парламентарните избори во Азербејџан, што ќе се одржат на 1 ноември оваа година. 

Согласно правилата на ПС на Совет на Европа за парламентарните и претседателските избори во земјите под мониторинг или пост-мониторинг се испраќаат краткорочни набљудувачки тимови, кои го набљудуваат изборниот ден и неколку дена пред тоа, како и долгорочна предизборна мисија, која го набљудува целиот предизборен и изборен процес во период од 40 дена пред одржувањето на изборите. Долгорочната мисија е составена од 6 члена, во неа влегуваат водачите на партиските групи за мониторинг на изборите и известителот за земјата. Ова тело се смета за најзначајно при целиот изборен мониторинг и истото го подготвува и претставува, во ПС на Совет на Европа и во јавноста, извештајот и оценката за тоа како биле организирани и како протекле изборите, како и целиот предизборен период. 

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе, 8.9.2015...

Понеделник, 7 септември 2015 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, собраниска  делегација предводена од г-ѓа Силвана Бонева, во состав: г-ѓа Светлана Јакимовска, г. Авдија Пепиќ и г-ѓа Соња Мираковска ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија", на 8 септември (вторник), во 11.00 часот, во паркот „Жена борец“.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „8. Септември“...

Петок, 4 септември 2015 година

Доделување на државната награда „8. Септември“

На 8 септември 2015 година (вторник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8. Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2015 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници. 

Добитници на државната награда „8. Септември“ се: г. Лазар Лечиќ, г. Љупчо Стојчевски, г. Руждија Калач, г. Димче Кичевски и г. Здравко Дејановиќ. 

Прочитај повеќе

Александар Николоски на состанок на Мoниторинг-комисијата в...

Четврток, 3 септември 2015 година

Александар Николоски на состанок на Мoниторинг-комисијата во Сараево

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски, во својство на потпретседател, ќе учествува на состанокот на Мoниторинг-комисијата, кој ќе се одржи на 3 и 4 септември 2015 година, во Сараево, Босна и Херцеговина.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“...

Понеделник, 24 август 2015 година

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“

На 26 август 2015 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 14.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели наградата „Мајка Тереза“ за 2015 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе - Дена на АРМ...

Петок, 14 август 2015 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод 18. Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Драган Данев, г. Стефан Богоев, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Чедомир Саздовски и г-ѓа Лилјана Поповска, ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата Бутел во Скопје

Прочитај повеќе

Положување цвеќе, 31.7.2015...

Петок, 31 јули 2015 година

Положување цвеќе

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа: 


• Собраниска делегација предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Зоран Ѓорѓиовски, г. Владимир Ѓорчев, г. Иван Стоилковиќ, г. Љубиша Николиќ, г-ѓа Роза Топузова Каревска и г-ѓа Љубица Буралиева, ќе положи венец свежо цвеќе во 10.00 часот во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце.

Прочитај повеќе

Антонијо Милошоски во работна посета на Канада...

Четврток, 30 јули 2015 година

Антонијо Милошоски во работна посета на Канада

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, деновиве е во работна посета на Канада.

Прочитај повеќе

Работна посета во Управата за безбедност и контраразузнавањ...

Вторник, 28 јули 2015 година

Работна посета во Управата за безбедност и контраразузнавање

Согласно надлежностите на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на Собранието на Република Македонија, членови и заменици-членови на Комисијата, на 28 јули 2015 година (денеска), во 14.00 часот, ќе остварат работна посета во Управата за безбедност и контраразузнавање. 

Прочитај повеќе
1...678...16                 
Click