Положување свежо цвеќе 26.7.15...

Петок, 24 јули 2015 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 52-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Драган Данев, г-ѓа Даниела Рангелова и г-ѓа Олга Најденовска, на 26 јули (недела), во 10.00 часот, на гробиштата „Бутел“, ќе положи венец свежо цвеќе.
Прочитај повеќе

Пратеникот Ермира Мехмети на Конференција во Луксембург...

Петок, 10 јули 2015 година

Пратеникот Ермира Мехмети на Конференција во Луксембург

Во рамките на  Луксембуршкото претседателство со Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Ермира Мехмети, ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ - КОСАК, што ќе се оддржи во периодот 12-14 јули 2015 година во Кралството Луксембург.

Прочитај повеќе

Учество на пратеникот Џеват Адеми на ПСФ ...

Среда, 8 јули 2015 година

Учество на пратеникот Џеват Адеми на ПСФ 

Од 7 до 10 јули 2015 година во Берн, Швајцарија, ќе се одржи Четириесет и првата годишна сесија на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), на која ќе учествува пратеникот  г. Џеват Адеми,  претседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

Прочитај повеќе

Учество на Собраниска делегација на Годишна сесија на ПС на...

Понеделник, 6 јули 2015 година

Учество на Собраниска делегација на Годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Пратениците Владимир Ѓорчев и Беким Фазлиу, членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), учествуваат на 24. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 5 до 9 јули 2015 година во Хелсинки, Република Финска. Главна тема за дискусија на сесијата е: „Потсетување на духот на Хелсинки“, повикувајќи се на основачкиот документ на ОБСЕ, Хелсиншкиот завршен акт, кој беше потпишан пред 40 години во главниот град на Финска. На сесијата се очекува учество на околу 300 пратеници од земјите учеснички и партнерите за соработка на ОБСЕ.

Прочитај повеќе

Посета на Агенцијата за разузнавање...

Понеделник, 29 јуни 2015 година

Посета на Агенцијата за разузнавање

Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на Собранието на Република Македонија во состав на пратениците Антонијо Милошоски, Иван Иванов, Васил Пишев, Нада Ципушева, Стојан Миланов, Сашо Василевски, Иван Стоилковиќ, Роза Топузова-Каревска и Љубица Буралиева, согласно нејзините надлежности денеска ќе оствари посета на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Учество на летната сесија на ПС СЕ ...

Понеделник, 22 јуни 2015 година

Учество на летната сесија на ПС на СЕ во Стразбур

Од 22 до 26 јуни 2015 година во Стразбур, Франција, ќе се одржи летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која ќе учествуваат пратениците Александар Николоски, во својство на шеф и Ермира Мехмети и Владимир Ѓорчев во својство на членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Пратеникот Николоски на состанок на Мониторинг комисијата н...

Четврток, 28 мај 2015 година

Пратеникот Николоски на состанок на Мониторинг комисијата на ПССЕ

На 28 мај 2015 година, во Париз, Франција, ќе се одржи состанок на Мoниторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која во својство на потпретседател ќе учествува Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Алексадар Николоски. На оваа функција, со мандат од една година, тој беше реизбран во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Прочитај повеќе

Собранието на Република Македонија се здоби со сертификатот...

Четврток, 21 мај 2015 година

Собранието на Република Македонија се здоби со сертификатот ИСО 9001:2009

Собранието на Република Македонија oд денеска и формално се здоби со сертификатот ИСО 9001:2009.

Meѓународниот сертификат е доделен врз имплементирањето на сите иновации и стандарди во работењето, пред сè во подигање на законодавниот процес и парламентарната демократија.

Прочитај повеќе

Седница на Парламентарниот комитет на ЦЕИ на тема: „Значење...

Среда, 20 мај 2015 година

Седница на Парламентарниот комитет на ЦЕИ на тема: „Значењето на макро-регионалните стратегии на ЕУ како можност за прекугранична соработка меѓу земјите-членки на ЦЕИ: Улогата на парламентите“

Во рамките на македонското претседавање со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), на 20 мај 2015 година во Собранието на Република Македонија ќе се одржи седница на Парламентарниот комитет на ЦЕИ на тема: „Значењето на макро-регионалните стратегии на ЕУ како можност за прекугранична соработка меѓу земјите-членки на ЦЕИ: Улогата на парламентите“. 

Прочитај повеќе

ИПА твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба...

Петок, 15 мај 2015 година

ИПА твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“

На 18 и 19 мај 2015 година, ќе се одржи работилница за пратениците од Собранието на Република Македонија од ИПА твининг проектот насловен „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“.

Прочитај повеќе
1...789...16                 
Click