Учество на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на...

Петок, 15 мај 2015 година

Учество на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО

Павле Трајанов, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, учествува во работата на Пролетната сесија на ПС на НАТО, што се одржува од 15 до 18 мај во Будимпешта.

Прочитај повеќе

Положување цвеќе 8.5.15...

Петок, 8 мај 2015 година

Положување цвеќе 

По повод 70-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, Денот на победата над фашизмот, Делегација на Собранието на Република Македонија, на 9 мај (сабота), ќе положи свежо цвеќе, и тоа:

Прочитај повеќе

Учество на Конференција посветена на активностите на енерге...

Вторник, 5 мај 2015 година

Учество на Конференција посветена на активностите на енергетската заедница

На покана на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, на 6 и 7 мај 2015 година, заменикот претседател на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити и членот на Комисијата за економски прашања, г. Драган Цуклев, во Брисел ќе учествуваат на Конференцијата посветена на активностите на енергетската заедница.

Прочитај повеќе

Полагање цвеќе на гробот на Делчев...

Четврток, 30 април 2015 година

Полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По повод 112-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Силвана Бонева, г. Љупчо Димовски и г-ѓа Роза Топузова Каревска, на 4 мај (понеделник) во 10.00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.

Прочитај повеќе

Доделување на наградата „Гоце Делчев“...

Четврток, 30 април 2015 година

Доделување на наградата „Гоце Делчев“

На 4 мај 2015 година (понеделник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2015 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе- 110 години од смртта на претседате...

Петок, 24 април 2015 година

Положување свежо цвеќе

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, во состав: г. Антонијо Милошоски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г-ѓа Роза Топузова-Каревска и г. Чедомир Саздов, по повод одбележувањето 110 години од смртта на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, на 27 април (понеделник), во 11.30 часот, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев (пред зградата на Собранието на Република Македонија).

Прочитај повеќе

Учество на пролетна сесија на Парламентарното собрание на С...

Понеделник, 20 април 2015 година

Учество на пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Во Стразбур, Франција, од 20 до 24 април 2015 година, се одржува редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на Делегацијата и Имер Алиу, заменик-член на Делегацијата.

Прочитај повеќе

Соопштение до јавноста - Отворен ден...

Петок, 3 април 2015 година

Соопштение до јавноста

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Со големо задоволство сакаме да Ве информираме дека Собранието повторно ќе бидe отворенo за посета од страна на граѓаните. Како што и претходно информиравме, а поради изведување на градежни работи на зградата на Собранието на Република Македонија, посетите на граѓаните беа времено прекинати. Сега повторно се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност. 

Прочитај повеќе

Учество на Рос-Рот семинар во Белград...

Вторник, 31 март 2015 година

Учество на Рос-Рот семинар во Белград

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, предводена од Емил Димитриев, а во чиј состав е и Павле Трајанов, од 31 март до 2 април оваа година учествува во работата на Рос-Рот семинарот што се одржува во Белград,  Република Србија. 

Прочитај повеќе

Учество на Александар Николоски на семинар во Истанбул...

Четврток, 26 март 2015 година

Учество на Александар Николоски на семинар во Истанбул

Пратеникот г. Александар Николоски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) и потпретседател на ПС на СЕ ќе учествува на семинарот „Избрани тела: транспарентност во функционирањето и отчетност”, што ќе се одржи на 26 и 27 март 2015 година во Истанбул. 

На семинарот, кој го организира Парламентарното собрание на Советот на Европа, во соработка со Големото турско национално собрание, ќе учествуваат пратеници од ПС на СЕ и од Парламентарното собрание на туркофонските земји (ТУРКПС).

Прочитај повеќе
1...8910...16                 
Click