ЕУ вести

Понеделник, 1 јули 2019 година

Два македонски филма во конкуренција за европската награда „Лукс“

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска и „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, се дел од номинираните филмови за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент.

Уште осум други филмови кои се во конкуренција на овогодишната „Лукс“ награда, беа објавени 54. Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари, и тоа:

  • Clergy - Војцек Смажовски (Полска)
  • Cold Case Hammarskjöld - Мадс Бригер (Данска/Норвешка/Шведска/Белгија)
  • Her Job – Никос Лабо (Грција/Франција/Србија)
  • Invisibles – Луј-Жилиен Пети (Франција)
  • Ray & Liz – Ричард Билингам (Велика Британија)
  • System Crasher – Нора Фингшајт (Германија)
  • The Man Who Surprised Everyone – Наташа Меркулова, Алексеј Чупов (Русија/Естонија/Франција)
  • The Realm – Родриго Сорогојен (Шпанија/Франција)

На 23 јули, на прес-конференција во Рим, од овие десет филмови, ќе се изберат три кои ќе останат во тесна трка за наградата „Лукс“ и ќе бидат дел од „Лукс филмските денови“, кога преведени на 24-те официјални јазици на ЕУ, ќе се прикажуваат во сите 28 земји-земји членки на Унијата. Победникот ќе биде прогласен на 27 ноември.