ЕУ вести

Четврток, 20 јуни 2019 година

Европската комисија ја додели новинарската награда „Лоренцо Натали“

Како признание за значајноста од независно, добро информирано и веродостојно новинарство за развојот на целиот свет, Европската комисија ја додели Наградата за медиуми „Лоренцо Натали“ на тројца новинари, избрани од експерти од областа на новинарството и развојот, и тоа: Голема награда за Гленда Жирон Кастро, Европска награда за Себастиен Рукс и награда за најдобар новинар за Зое Таби.

Овие тројца новинари ја победија конкуренцијата од над 1.200 кандидати за известување за развојните прашања, како што се влијанието на ХИВ врз можностите за работа во Ел Салвадор, климатската криза во Мавританија и како со тоа се соочува група рурални жени, како и претворањето на инвазивниот воден зумбул во Бенин во „зелено злато“.

Церемонијата на доделување се одржа во Брисел за време на Европските денови за развој. Притоа, комесарот за меѓународна соработка и развој, Невен Мимица, истакна дека тие не само што информираат, туку и поттикнуваат на делување. „Со наградата им оддаваме почит на сите оние новинари кои ги демантираат нееднаквостите и неправдите на овој свет и се борат да ги надминат со моќта на пенкалото“, рече Мимица.

Како дел од церемонијата беше и панел-дискусијата за улогата на медиумите во борбата против нееднаквостите во светот.

Инаку, наградата која постои веќе 25 години, е во чест на Лоренцо Натали, поранешен комесар за развој и постојан бранител на слободата на изразување, демократија, човекови права и развој.