Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 23 јануари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денес го пречека претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ кој е во прва официјална посета на Република Македонија а воедно е и прв претседател на црногорското Собрание од прогласувањето на независноста на Црна Гора во 2006 година кој што ја посетил земјава.

повеќе...

Вторник, 22 јануари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на Советот за регионална соработка Брегу

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со новиот Генерален секретар на Советот за регионална соработка (СРС) Мајлинда Брeгу, во рамките на нејзината посета на Република Македонија.

Претседателот Џафери ѝ го честита на Брегу назначувањето на функцијата и ѝ посакa успех во напорите за зајакнување на регионалната соработка во Југоисточна Европа. 

повеќе...

Понеделник, 21 јануари 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, КАРЛ ЕРЈАВЕЦ

Претседателот Џафери се заблагодари за поддршката што Република Словенија ја дава за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ. 

повеќе...

Четврток, 17 јануари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г. Романо Проди, добитник на Светската награда за хуманизам за 2019  

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери имаше средба со г. Романо Проди, кој што актуелно е универзитетски професор а претходно два пати бил премиер на Италија и бил поранешен претседател на Европската комисија. Повод за оваа средба е номинирањето на г. Проди за добивање на овогодинашната Светска награда за хуманизам, награда востановена од Охридската академија за хуманизам и која му се доделува за неговиот уникатен придонес кон перспективата на модерната цивилизација. 

повеќе...

Среда, 16 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со чешкиот амбасадор, Н.Е. Мирослав Томан

Денес, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари работна средба со чешкиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Томан. Амбасадорот Томан, ја искористи оваа прилика да му честита на претседателот Џафери за исполнувањето на овој дел од Преспанскиот договор и воедно изрази искрени желби за позитивен исход и од страна на грчкиот парламент откако беше накратко информиран од претседателот на Собранието за досегашните активности кои што се одвиваа во законодавниот дом. Претседателот Џафери истакна дека како држава ги изодуваме последните чекори пред конечното исполнување на условите кои ќе овозможат постигнување на стратешките цели на нашата земја, а тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ, при што се заблагодари на несебичната поддршка што ја добиваме од нашите меѓународните партнери и пријатели.

повеќе...

Среда, 16 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со францускиот амбасадор Тимоние 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денес оствари работна средба со францускиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е.Г. Кристијан Тимоние. На средбата соговорниците разговараа за последните актуелности во законодавниот дом по усвојувањето на уставните измени и за очекуваните исходи од другата страна потписничка на Договорот од Преспа, во насока на заокружување на следните фази од имплементацијата, со што ќе се овозможи исполнување на условите за постигнување на стратешките цели на нашата земја уште од нејзиното осамостојување, односно полноправно членство во НАТО и ЕУ. Оваа средба е во рамките на предвидените средби со амбасадорите на земјите членки на НАТО. 

повеќе...

Вторник, 15 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со црногорската В.Д. амбасадорка, Милачиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денес оствари работна средба со црногорската В.Д. амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Г-ѓа Јелена Милачиќ. 

повеќе...

Петок, 11 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со бугарскиот амбасадор Aнгелов

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денес оствари работна средба со бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Ангел Ангелов. На средбата се разговараше за текот на процедурата за уставните измени и за идните фази на имплементација на Договорот од Преспа кој што ќе овозможи исполнување на условите за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и почеток на преговорите за интегрирање во Европската Унија. Оваа средба е уште една од низата предвидени средби со амбасадорите на земјите членки на НАТО.  

повеќе...

Четврток, 10 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со хрватската амбасадорка Баришиќ 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари работна средба со хрватската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Данијела Баришиќ.

повеќе...

Четврток, 10 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со албанскиот амбасадор Река

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Н.Е. Фатос Река.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 23
  •