Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Говори и обраќања

Вторник, 15 јануари 2019 година

Прес-конференција на претседателот Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на денешната прес-конференција информираше за последните активности и постапки на Собранието.

повеќе...

Понеделник, 31 декември 2018 година

Новогодишна порака на претседателот Џафери  

Почитувани граѓани,
Бидете здрави и живи, 
бидете среќни и задоволни дома со најблиските,
бидете задоволни и успешни на работен план,
бидете брилијантни ученици и студенти,
и нека Новата 2019 година биде среќна, бериќетна и навистина историска за сите нас!

повеќе...

Петок, 14 декември 2018

Обраќање на претседателот Џафери на oдбележувањето на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Македонија

Почестен сум што денес сме собрани сите заедно за одбележиме на свечен меѓутоа и работен начин 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Македонија. Станува збор за дипломатски односи со држава која е колевка на парламентарната демократија, постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации и една од економски најразвиените држави.

повеќе...

Петок, 7 декември 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија

Дозволете во мое име и во име на колегите пратеници во законодавниот дом да ви изразам длабоко сочувство по повод заминувањето од овој свет на нашиот некогашен колега пратеник и претседател на Собранието на Република Македонија Љубиша Георгиевски. Ги повикувам колегите пратеници и сите присутни со едноминутно молчење да ја изразиме нашата почит.

Слава му!

повеќе...

Петок, 23 ноември 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“, организирана од ДКАФ

Верувам дека сите што сме денес присутни овде на оваа промоција на публикацијата „Насоки за надзор на разузнавањето“, споделуваме исто чувство на задоволство бидејќи ова е прв производ на знаење по потпишувањето на Меморандумот за соработка, и ова е знак дека проектот оди добро. 

повеќе...

Четврток, 22 ноември 2018 година 

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 22 Ноември, Денот на азбуката 

Среќен сум и во исто време почестен што сум домаќин на оваа величествена вечер, кога одбележуваме 110-годишнина од Битолскиот конгрес, 110-годишнина од унифицирањето на албанската азбука и задоволство ми е да ве поздравам во својство на претседател на Собрание и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, сите вас кои со вашето доаѓање ја зголемивте вредноста и значајноста на овој настан, и искажавте почит кон сонародниците и вашите сограѓани. 

Среќен сум и во исто време почестен што сум домаќин на оваа величествена вечер, кога одбележуваме 110 годишнина од Битолскиот конгрес, 110 годишнина од унифицирањето на албанската азбука и задоволство ми е да ве поздравам во својство на претседател на Собрание и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, сите вас кои со вашето доаѓање ја зголемивте вредноста и значајноста на овој настан, и искажавте почит кон сонародниците и вашите сограѓани. Среќен сум и во исто време почестен што сум домаќин на оваа величествена вечер, кога одбележуваме 110 годишнина од Битолскиот конгрес, 110 годишнина од унифицирањето на албанската азбука и задоволство ми е да ве поздравам во својство на претседател на Собрание и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, сите вас кои со вашето доаѓање ја зголемивте вредноста и значајноста на овој настан, и искажавте почит кон сонародниците и вашите сограѓани. 

повеќе...

Понеделник, 19 ноември 2018 година, Халифакс, Канада

Обраќање на претседателот Џафери на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО 

Би сакал на почетокот на моето обраќање да ја поздравам поддршката на претседателката на Парламентарното Собрание на НАТО, г-ѓа Раза Јукневичиене за Република Македонија на нејзиниот пат кон НАТО Алијансата, како и ангажманот на НАТО преку испраќањето на поканата за членство на Република Македонија во НАТО пред неколку месеци. Особено радуваше фактот што во нејзината програма за работа, меѓу другото како приоритет беше наведена политиката на партнерство и на отворени врати, односно членството на државите од Западен Балкан, Украина и Грузија во НАТО. Со ваша дозвола, ќе направам една мала ретроспектива за нашата присутност во НАТО алијансата.

повеќе...

Четврток, 15 ноември 2018 година 

Обраќање на претседателот Џафери на тркалезната маса за ревизија на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи

На самиот почеток, дозволете да го изразам моето задоволство што денес сум овде со вас на оваа тркалезна маса која Државниот завод за ревизија на Република Македонија ја организира во рамките на Твининг проектот за „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија “ и на која ќе се презентираат резултатите од анализата на регулативата за финансирањето на политичките партии и изборните кампањи.

повеќе...

Четврток, 25 октомври 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на студијата „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија“

Дозволете на самиот почеток да го истакнам моето задоволство што како претседател на Собранието учествувам на промоцијата на студијата со наслов „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија“, студија за која верувам дека ќе помогне во натамошната имплементација на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија.

повеќе...

Среда, 10 октомври 2018

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Собата на Клубот на пратенички 

Задоволство ми е што денес сум тука меѓу вас на овој свечен чин на реализирање на моето ветување дадено по повод Меѓународниот ден на жената и одбележувањето на 15-годишнината од функционирањето на Клубот на пратенички, кога реков дека ќе го следам примерот на шведскиот Парламент и Кралството Шведска, земја со највисок процент на застапеност на жените во политиката и јавниот живот и  како претседател на Собранието на Република Македонија, ќе започнам со реализација на проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и работните тела во Собранието. 

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 8
  •