Соопштенија

Петок, 28 јуни 2019 година

ИППГ за правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на првиот Скопје Прајд

Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на првиот Скопје Прајд, на 29 јуни 2019 година.

Со учеството на овој мирен протестен марш, испраќаме порака за солидарност и поддршка на нашите ЛГБТИ сограѓани во борбата против стигматизација, дискриминација, насилство и говор на омраза кон нив.

Маршот е можност ЛГБТИ, како една од најмаргинализираните заедници, да добие видливост во општеството и поддршка во надминувањето на проблемите со кои се соочува. Затоа во многу градови ширум светот, вклучително и на Балканот, се одржуваат паради на гордоста.

Интерпартиската група продолжува континуирано да придонесува за подигање на јавната свест за потребата од унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и развој на современо демократско општество со еднакви можности за сите.

Click