Соопштенија

Петок, 21 декември 2018 година

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на 25 декември 2018 година, во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ ќе одржи Јавна расправа на тема: Поддршка при имплементација на социјални политики, мерки и буџет за еднородителски семејства. Јавната расправа е во соработка со Клубот на пратенички, а на иницијатива на Граѓанската организација за еднородителски семејства „Една може“ Скопје.                   

На седницата, покрај членовите и заменик-членови на Комисијата, поканети се: сите пратеници на Собранието на Република Македонија, министерот за труд и социјална политика, ЈУМ Центар за социјална работа, Aгенцијата за вработување на Република Македонија, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, координаторките за еднакви можности на Министерствата на Република Македонија, градоначалниците, локалните комисии за еднакви можности, претставници на меѓународни организации, универзитетски професори, експерти, Институтот за родови студии, претставници на НВО секторот од оваа област, како и претставник на Европската комисија.

Програма:

  • 11:00 - 11:20 часот - Излагања

• Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите;
• Ѓулумсер Касапи, координаторка нa Клубот на пратенички;
• Дороти Пачкова, претседателка на ГО „Една може“;
• Претставник на Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија

  • 11.20 - 12.30 часот -  Дискусија и заклучоци


* Пријава на присуство на kem@sobranie.mk