Петок, 13 септември 2019 година
Јавна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија, на својата 49. седница, на 16 септември 2019 година (понеделник), во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието, ќе одржи Јавна расправа на тема: Нацрт-просторен план на Националниот парк Пелистер 2016-2030.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе покани овластени претставници на Владата на Република Северна Македонија, претставници од институции, експерти од таа област и претставници од невладините организации да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.
За дополнителни информации, контакт на е-пошта: ktranspor@sobranie.mk.