Соопштенија

Четврток, 22 ноември 2018 година

Јавна расправа на тема: „Енормно загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија“

Комисијата за транспорт, врски и екологија на 30. седница, ќе одржи Јавна расправа на тема: „Енормно загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија“. Јавната расправа ќе се одржи на 27 ноември (вторник) 2018 година, со почеток од 11,00 часот, во Сала Борис Трајковски во зградата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, покани претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации, да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.

За дополнителни информации, контакт на е-пошта: ktranspor@sobranie.mk.

Click