Соопштенија

Четврток, 5 април 2018 година

Јавна расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги

Комисијата за транспорт, врски и екологија на 16. седница, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.

Јавната расправа ќе се одржи на 12 април (четврток) 2018 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала на Уставна комисија во зградата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, покани претставници од различни организации, институции, здруженија и експерти од оваа област, да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на Јавната расправа.

Вашиот медиум е поканет да присуствува и да го покрие настанот на расправата.

За дополнителни информации, контакт број 02 3182-378 и на е-пошта: ktranspor@sobranie.mk.

Click