Соопштенија

Четврток, 25 јули 2019 година

Јавна расправа за Предлогот на законот за основното образование

Комисијата за образование, наука и спорт на 34. седница, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за основното образование. Јавната расправа ќе се одржи на 26 јули (петок) 2019 година, со почеток од 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Северна Македонија.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа се поканети претставници на државни органи и образовни установи, невладини и синдикални организации, како и експерти чија дејност е релевантна за дејноста на основното образование.

Поканети се и претставници на меѓународни претставништва во државата кои ги поддржуваат образовните реформи во Република Северна Македонија како: Делегацијата на Европската Унија, ОЕЦД и УНИЦЕФ со чија поддршка е подготвен предложениот текст на законот за основното образование, УСАИД, Британскиот совет и други меѓународни организации.

Јавната расправа е во функција на прибирање практични искуства и предлози за квалитетно нормирање на оваа дејност, пред второто читање на Предлог-законот за основното образование.

Click