Соопштенија

Понеделник, 11 март 2019 година

Надзорна расправа на Комисијата за култура

Комисијата за култура на својата 23. седница ќе одржи надзорна расправа на тема „Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година.“

Надзорната расправа ќе се одржи на 13 март 2019 година (среда), со почеток од 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во Собранието на Република Северна Македонија. 

Комисијата за култура поканува сведоци од различни државни органи, научни институции и граѓански организации да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата.

Click