Вторник, 1 август 2017 година
Положување цвеќе
По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:
- Собраниска делегација во состав: г. Павле Богоевски, г-ѓа Татјана Прентовиќ, г. Артан Груби и Илија Николовски ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:
- 8.00 часот - Положување на венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев - Црква „Свети Спас“
- Собраниска делегација - г-ѓа Татјана Прентовиќ ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:
- 10.00 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во парк „Жена борец“;
- 10.10 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија;
- 10.25 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, прв претседател на президиумот на АСНОМ, на плоштад „Македонија“.
- Собраниска делегација во состав: г. Мирослав Јовановиќ, Африм Гаши и Зекирија Ибрахими ќе положи венец свежо цвеќе во 11.00 часот во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце.
- Собраниска делегација предводена од г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хари Локвенец, г-ѓа Кети Смилевска и Јулијана Николова ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево:
- 9.30 часот - гробот на Никола Карев;
- 10.00 часот - споменикот на Слива „На хероите на Слива“;
- 12.00 часот - „Мечкин Камен“.