Четврток, 17 август 2017 година
ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ
По повод 18 Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Максим Димитриевски, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска и г. Илија Николовски, на 18 август 2017 година (петок), на градските гробишта „Бутел“ во 9.00 часот, ќе положи венци свежо цвеќе на:
- Партизански гробишта;
- пред вечниот дом на генерал Михаило Апостолски;
- пред вечниот дом на загинатиот претседател и врховен командант Борис Трајковски и
- пред вечниот дом на починатиот претседател и врховен командант Киро Глигоров.