Четврток, 1 август 2019 година
ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ - ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА
По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Северна Македонија, на 2 август 2019 година (петок), ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:
- Собраниска делегација, предводена од Фросина Ташевска-Ременски, потпретседателка на Собранието, во состав: Мухамед Зеќири, Далибор Богдановски, Александра Цветковска и Жаклина Пешевска, ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:
- 08:45 часот - Споменик на АСНОМ, Парк „Жена борец“;
- 09:00 часот - Споменик на Никола Карев, пред Собранието на Република Северна Македонија;
- 09:15 часот - Споменик на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“;
- 10:00 часот - Споменик на паднатите борци на НОБ, Алеја на Великаните, Градски гробишта Бутел
- 11:30 часот – Централна манифестација во Вила Водно
- Собраниска делегација, предводена од Талат Џафери, претседател на Собранието, во состав: Мирослав Јовановиќ, Лидија Тасевска, Реџаиљ Исмаили и Зоран Ѓорѓиевски, ќе положи венец свежо цвеќе во:
- 10:00 часот, Меморијален центар АСНОМ, Пелинце.
- Собраниска делегација, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, во состав: Кети Смилеска, Снежана Калеска-Ванчева, Илија Николовски и Чедомир Саздовски, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево:
- 08:30 часот - Гроб на Никола Карев;
- 09:30 часот - Споменик на Слива „На хероите на Слива“;
- 11:00 часот - „Мечкин Камен“