Петок, 9 март 2018 година
Положување свежо цвеќе
Собраниски делегации, по повод 75 години од Холокаустот на македонски Евреи - депортација на 7.144 Евреи во логорот на смртта - Треблинка, ќе положат свежо цвеќе:
Недела, 11 март 2018 година- Скопје
Собраниска делегација предводена од г-ѓа Фросина Ташевска Раменски, потпретседателка на Собранието на Република Македонија во состав: г. Крсто Јовановски и г-ѓа Владанка Авировиќ, ќе положи цвеќе во
- 10.30 часот, на Градските гробишта Бутел - пред Споменикот на депортираните Евреи
- пред Споменикот на паднатите борци во НОБ
Битола
Собраниска делегација предводена од г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Бети Рабаџиевска-Наумовска, г-ѓа Кети Смилевска и г. Александар Кирацовски, ќе положи цвеќе во
- 11.00 часот пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола
- пред споменикот на народниот херој Естреја пред Овадија-Мара
- Обраќање на г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија
Штип
Собраниска делегација во состав: г-ѓа Славица Шуманска Митев, г. Трајчо Димков, г. Никола Мицевски и г-ѓа Благица Ласовска ќе положи цвеќе во
- 11.15 часот пред Споменикот на депортираните Евреи од Штип
- 12.15 часот на Еврејските гробишта
Понеделник, 12 март 2018 година - Скопје
Собраниска делегација предводена од г. Весел Мемеди, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Тања Прентовиќ, г. Петар Атанасов, г. Бранко Манојловски, г. Далибор Богдановски, г. Агим Шаќири, г. Ејуп Алими, г-ѓа Жаклина Пешевска и г-ѓа Невенка Стаменковска, положи цвеќе во
- 8.45-9.10 часот, Музеј на Град Скопје до Тутунски комбинат - Монопол, Марш на живите
- 10.30 часот, Тутунски комбинат - Монопол, пред Споменикот на 7.144 македонски Евреи