Вторник, 10 октомври 2017 година
Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври
По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, пратеници од Собранието на Република Македонија, на 11.10.2017 година (среда), ќе положат свежо цвеќе во Прилеп, Скопје и Куманово, и тоа:
- Пратениците Кети Смилеска, Хари Локвенец и Димитар Стевананџија, во 9.30 часот, во Прилеп, ќе положат свежо цвеќе на:
- Споменикот на Методија Андонов-Ченто;
- Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу;
- Могилата на непобедените и Алејата на народни херои.
- Пратениците Јулиана Николова, Диме Велковски и Жаклина Пешевска, во 10.50 часот, во Скопје, ќе положат свежо цвеќе на:
- Споменикот „Ослободители на Скопје“ до Владата на Република Македонија.
- Пратениците Мирослав Јовановиќ и Слаѓана Митовска, во 11.30 часот, ќе положи свежо цвеќе на:
- Спомен-костурницата во Куманово.