Соопштенија

Четврток, 10 октомври 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, на 11 октомври 2019 година (петок), собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе во Прилеп, Скопје и Куманово, и тоа:

  • Пратениците Кети Смилевска и Хари Локвенец, во 08:30 часот, во Прилеп, ќе положат свежо цвеќе на: Споменикот на Методија Андонов-Ченто, Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу, Алејата на народните херои - Споменикот Жена борец и Могилата на непобедените;
  • Потпретседателот Горан Мисовски и пратениците Снежана Калеска-Ванчева, Александар Филиповски, Александра Цветковска и Жаклина Пешевска, во 09:00 часот, во Скопје, ќе положат венец свежо цвеќе на Алејата на великаните – Градски гробишта Бутел;
  • Пратениците Мирослав Јовановиќ, Лидија Тасевска и Слаѓана Митовска, во 10:00 часот, ќе положат свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.
Click