Среда, 6 септември 2017 година
Положување венци свежо цвеќе
По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе и тоа:
- Собраниска делегација во состав: г. Благоја Бочварски, г. Диме Велковски, г. Бранко Манојловски, г-ѓа Весна Дамчевска Илиевска и г. Чедомир Саздовски ќе положи венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, на 8 септември (петок), во 9.45 часот, на гробиштата Бутел;
- Собраниска делегација во состав: г. Стево Пендаровски, г-ѓа Јулиана Николова, г-ѓа Мирсада Емини-Асани и г. Драган Данев ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“, на 8 септември (петок), во 10.15 часот, на платото пред Владата на Република Македонија.