Соопштенија

Понеделник, 25 јуни 2018 година

Пратеничката Лилјана Затуроска на Конференција во Тирана

Во рамките на Регионалниот проект „Зајакнување на општеството – Техничка помош за јавните медиумски сервиси на Западен Балкан“, финансиран од ЕУ, на 26 и 27 јуни 2018 година во Тирана, Република Албанија, ќе се одржи Конференција за отворање на Регионалниот проект, на тема: „Техничка помош за јавниот медиумски сервис на Западен Балкан“.

На конференцијата ќе учествува г-ѓа Лилјана Затуроска, претседателка на Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието на Република Македонија.

Конференцијата се очекува да биде отворена од г. Ноел Куран, генерален директор на Европската радиодифузна унија (EBU) и г. Андрис Кестерис, главен советник од областа на граѓанското општество и медиумите, генерален директор за соседство и преговори за проширување, Европска комисија (TBC). 

На Конференцијата се очекува воведен говор и кратка презентација во врска со Проектот да имаат: г. Оливер Моне-Кирле, директор на Проектот; г. Војислав Раонич, лидер на тимот и г. Жељка Лекич-Субасич, заменик на лидерот на тимот. 

Исто така, се очекува учество и на останатите учесници на Конференцијата кои ќе дискутираат и ќе ги споделат своите искуства во врска со тоа како да се обезбеди политичка и финансиска независност на јавните медиумски сервиси на Западен Балкан, како да се спроведат реформи во јавните медиумски сервиси, како да се воспостават повисоки професионални стандарди и намалени трошоци за нивната работа и како да се подобри програмата на јавните медиумски сервиси на Западен Балкан, преку соработка и копродукција.

На крајот од Конференцијата се очекува потпишување на Меморандум за разбирање и соработка од страна на сите учесници.

Click