Соопштенија

Четврток, 21 март 2019 година

Пратеникот Ферид Мухиќ на Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа 

На 21 март 2019 година (денеска), во Брисел, Кралството Белгија, ќе се одржи Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа (ПСФ - Регион Европа), на која ќе учествува Ферид Мухиќ, пратеник и потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

Оваа конференција се одржува по повод 20 Март - Меѓународниот ден на Франкофонијата и на истата ќе се дебатира за состојбата на употребата на јазиците во институциите на ЕУ, геостратешките предизвици на јазиците и за промоција на мултилингвизмот во Европа.

На учесниците на оваа седница ќе им се обрати Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонија; Жак Крабал, генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата; Бруно Фухс, претседател на Секцијата на Националното собрание на Франција; Хамза Фаси Фири, претседател на Белгиската секција во ПСФ; Луј Мишел, поранешен комесар на ЕК и пратеник во Европскиот парламент, како и бројни експерти.