Понеделник, 1 април 2019 година
Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција за „Иднината на ЕУ“
Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Бети Рабаџиевска-Наумовска и Сашо Василевски, ќе учествува на Интерпарламентарната конференција на тема „Иднината на ЕУ“, што ќе се одржи на 1-2 април 2019 година во Букурешт, Република Романија, во рамките на романското шестмесечно претседавање со Унијата.
На Конференцијата ќе стане збор за социјалната, политичката и економската димензија на ЕУ, од аспект на нејзината натамошна иднина, по изборите во европските инститиции.
Исто така, предвидена е и расправа за евроатлантските аспирации, Балканот и Источното партнерство.